„Move Mountain“ е последниот во низата извонредни кратки анимирани филмови на наградената 28-годишна американска авторка Kirsten Lepore, изработени со ткн. „стоп-моушн“ (stop motion) техника.
Филмот е дипломска работа на Lepore, а таа го опишува како „приказна за болеста, упорноста и нашата врска со се околу нас“.
Во видеото подолу може да се види како е направен филмот „Move Mountain“, а повеќе вакви анимации на Kirsten Lepore се достапни на нејзината веб-страница.