Дождот репризно го преполни основното корито на реката Вардар. Дел од кејот во центарот на Скопје беше под вода, особено во близина на МНТ и од спротивната страна, а стотици шишиња во разни бои патуваа по реката.
Рушевините и железаријата од градежните зафати во централното подрачје, пак, кога врне служат како брана и ги собираат сите пловни амбалажи и кеси. Така се насобира нова депонија – колекција отпад што редовно плови накај Егејот.