String Forces, групата која нешто повеќе од две децении опстојува меѓу предводниците на македонската современа музичка сцена, по композицијата „Ние сме“, го објави и вториот сингл од новиот албум насловен „Тишина“. Тие го промовираа и со видеозапис, направен во соработка со Тања Рибарска (видео, монтажа), Гоце Наневски (фотографија, видео), Кристијан Теодоров (Мелем продукција) и Виктор Битовски.