[Видео] Студенти и граѓани блокираа клучна сообраќајница во Белград во акција која ќе трае 24 часа

Во 10 часот утрово студенти и граѓани го блокираа сообраќајот во белградската населба Автокоманда под слоганот „Под наша (Авто)команда“. Блокадата ќе трае 24 часа. Студентите бараат објавување на целата документација за реконструкцијата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, каде во ноември минатата година се урна настрешница при што загинаа 15 лица.

Блокадата засега се одвива без инциденти, со различни спортски и општествени активности. Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат по четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kreni- Promeni (@kreni.promeni)

Првиот перформанс на блокадата беше готвење со студентите, по што ќе следи баскет во 16 часот. Во 20 часот е најавено читање на барањата на студентите, меѓу кои и утврдување одговорност за несреќата, како и процесирање на лицата кои ги нападнаа студентите за време на претходните собири.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mašina (@masina.rs)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mašina (@masina.rs)

Блокадата на сообраќајот следува откако пред три дена на повикот на студентите за генерален штрајк се одзваа илјадници луѓе. Студентите блокираат повеќе од 60 факултети и два универзитетски кампуси, барајќи и кривична и политичка одговорност за смртта на луѓето кои загинаа при уривање на настрешницата.