Студентите во блокада со поддршка од граѓаните ја минаа ноќта на приодите до Мостот на слободата во Нови Сад во рамки на 24-часовната блокада. Блокадата започна вчера, на Денот на градот Нови Сад, три месеци откако 15 лица загинаа при уривање на бетонската настрешница на градската Железничка станица, јавува Радио Слободна Европа.
Блокадата на Мостот на слободата следеше откако илјадници студенти и граѓани претходно три часа ги блокираа Варадинскиот и Жежељскиот мост.
Вчеравечер на собирот во Нови Сад се обратија бројни личности од јавниот и културниот живот, а настапија и два хора. Граѓаните не се собраа на самиот мост поради страв на организаторите од негово преоптоварување.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
За време на блокадата, пристигна вест и дека светската поп ѕвезда Мадона, како и најголемата светска концептуална уметница Марина Абрамовиќ ги поддржаале протестите на студентите во Србија преку нивните Инстаграм профили.
Блокадата е предвидено да заврши во 15 часот, а за нејзино евентуално продолжување ќе се одлучува на граѓански пленум.
На новосадските студенти им се придружија и некои колеги од Белград, кои пеш по два дена пристигнаа во Нови Сад. На блокадата има и бројни граѓани од Ниш, Крагуевац, Смедерево, Зрењанин…
Уривањето на бетонска настрешница од неодамна реновираната Железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија на кои учествуваа десетици илјади луѓе. Изминатите два месеци протестите ги предводат студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање е да се утврди кривичната и политичката одговорност на властите за несреќата во Нови Сад.