Неколкумина студенти од Тајан измислиле интересен начин на контрола на беспилотните летала. За таа цел тие го употребиле паметниот часовик Apple Watch и неговата технологија за препознавање на движењата и гестикулациите на рацете. Потребни им биле околу 18 месеци за развој на проектот, како и за изработка на алгоритам со кој гестикулациите се претвораат во команди за управување на леталото. Трудот на крајот вродил со плод, а резултатот е одличен, јавува Ројтерс.
Освен дронови, преку овој систем може да се управува и со движењето на топката, различни беспилотни летала, но би можел да најде примена и кај паметните светилки, како и многу останати уреди. Тимот во моментов работи на патентирање на оваа технологија, но велат дека се уште постојат проблеми кои треба да ги решат. Еден од нив е влијанието на ветерот врз летот на дронот, што наскоро би требало да биде елиминарано со користење слични примери на паметната технологија имплементирана во нивниот проект.