Студенти од Белград утрово тргнаа пеш кон Нови Сад под слоганот „На чекор од правдата“ со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во градот, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во која загинаа 15 луѓе.
Луѓето аплаудираат и скандираат на студентската колона, а некои ги држат рацете нагоре со црвени ракавици.
Собирот започна во 8:30 часот на Факултетот за драмски уметности. Уште една група студенти од Белград е најавено дека ќе тргне за Нови Сад еден ден покасно, на велосипеди, а на покана на студентите од Електротехничкиот факултет.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Бранот студентски протести на кои се бара одговорност за уривањето на настрешница на 1 ноември во Нови Сад, постојано се шири повеќе од два месеци.
Студентите во блокада претходно ги повикаа и заинтересираните граѓани да им се придружат за Нови Сад со сопствена организација на потребните ресурси.