На Денот на ретките болести, одборот за медицинска едукација заедно со членовите на Македонската медицинска студентска асоцијација изработија кратко видео со неколку пораки за подигање на свеста кај јавноста.
Покрај видеото, студентите во соработка со „Вилсон – Македонија“ денеска организираат и серија на едукативни предавања на професори и студенти на Медицинскиот факултет, како нивен придонес во одбележување на Денот на ретките болести – 28ми февруари.