Над две илјади студенти излегоа да маршираат против екстерното тестирање на универзитетите.Според најавената рута маршот започна пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , студентите ги блокираа улиците и се упатија кон Министерството за образование и наука, со повремени застанувања пред Влада и седиштето на Студентскиот парламент.
Студентите за време на маршот повикуваа на поддршка. Воедно, тие на симболичен начин го „погребаа“ Студентскиот парламент каде ги пречекаа заклучени врати. Големиот студентски марш во Скопје беше и македонско одбележување на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите.