Музејот на студиото за анимација оваа година е привремено затворен поради пандемијата од коронавирусот.
Додека „Гибли“ планираше повторно да го отвори музејот на крајот на март, одлуката за затворање беше продолжена, а посетителите добија рекламации за купените билети.
Минатиот месец, „Гибли“ отвори свој „Јутјуб“ канал за обожувателите да можат да го посетат музејот и од своите домови. Засега, објавени се само три видеа кои прикажуваат три различни простории од музејот, а се очекува ваквиот серијал да продолжи.
На првото видео претставен е главниот влез на зградата, декориран со витраж посветен на „My neighbor Totoro“.
На второто видео се претставени верзии од антикварниците во „Whisper of the Heart“ и „The Cat Returns“, но и просторија послна со модели на авиони и оригинални скици од „Laputa Castle“ и „The Wind Rises“.
Третото видео се фокусира на „Space of Wonder“ собата, во која е претставена голема фреска од насмеано сонце, високи дрвја и познатите ликови.
Музејот, кој е познат по својата строга таинственост, не дозволува фотографии одвнатре. Влезниците се купуваат исклучиво однапред и во специфични временски периоди. Па така, ова претставува ретка можност да се види музејот без да се купи авионска карта за до Токио.
За време на посетата, посетителите може да присуствуваат на проекција на кратки филмови, достапни само во музејот. Меѓутоа, дури и во овој случај, дозволено е да се види само еден филм по избор.
Извор: Dazed&Confused