Најмалку седум лица загинаа, а 736 се повредени во земјотресот со јачина од 7.5 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Тајван, пренесува Ал Џазира Балканс.
Сите смртни случаи се регистрирани во округот Хуалиен. Земјотресот го погоди источниот брег на Тајван и беше почувствуван во главниот град Тајпеј, како и во јужна Јапонија, источна Кина и Филипините.
Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) ја ревидираше јачината од 7.5 на 7.7 степени. Тајван забележа магнитуда од 7.2 степени и издаде предупредување за цунами за јужниот дел на Јапонија и Филипините поради земјотресот, кој подоцна беше укинат.
Најмалку 26 згради се урнаа, повеќе од половина во Хуалиен. Десетици луѓе се под урнатините, а спасувачките операции сè уште се во тек.
Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15.5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.
Beibin Street, Hualien City, Hualien County, eastern Taiwan. #earthquake pic.twitter.com/J9jJIToCxZ
— Focus Taiwan (CNA English News) (@Focus_Taiwan) April 3, 2024