[Видео] Театар „Златен Елец“: Нешто што нѐ води е пасијата која ја имаме, не е само револтот

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Дуодрамата  „Кенди“ во продукција на „Златен Елец“ – независна и млада театарска екипа досега е поставена седум пати. Два пати е изиграна во рамки на театарски фестивали, од кои и на Фестивалот за Млад отворен театар (МОТ).

    Идејата за „Кенди“ на режисерката Тамара Стојаноска е инспирирана по романот на Лук Дејвис – “Candy: A Novel of Love and Addiction“ и документарни материјали и авторски текстови од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Во „Кенди“ играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, а зад музичкиот пејсаж стои Лука Тошев.

    На овогодишното, 48-то издание на МОТ, ја добиваат театарската награда „БИШ“ за Најдобра независна театарска продукција, која годинава се доделува по втор пат.

    Со нив поразговаравме за независниот, млад театар, новата генерација театарџии, претставата „Кенди“ и наградата „БИШ“.

    Алексовски, кој е еден од ко-основачите на „Златен Елец“, но и актер и продуцент раскажува дека Здружението „Златен Елец“, како идеја започнало пред да настапи пандемијата од ковид-19, во двегодишен период кога „имало многу вработувања во државните театри, а се погодувало многу од нив да не се веродостојни“.

    „Се случи еден револт кај мене и ко-основачката на театарот ‘Златен елец’ – актерката Надица Петрова. Тој револт нѐ натера да го отвориме ова здружение и тргнавме со една претстава се викаше ‘Не ми го чепкај пивото’ во режија на Ѓорѓи Ризески“, вели Алексоски.

    Се потсетува дека во пандемичниот период, премиерата на претставата се одржала во рамки на Скопско лето, па почетокот на „Златен Елец“, бил во вечер кога на Балканот не се одржувала ниту една претстава.

    „Идејата од сам старт беше баш тој револт кој нас нѐ натера да го отвориме ‘Златен Елец’ да биде од помош и за другите театарџии и уметници коишто немаат можност да работат и да се вработат веднаш во државна институција за култура. Сакавме кога тие имаат идеја која сакаат да ја реализираат, ние како ‘Златен елец’ со цела логистика да овозможиме“, потенцира актерот.

    Зад „Златен Елец“, истакнува Алексовски, засега се претставите – „Не ми го чепкај пивото“, монодрамата во три дела „Дневникот на лудиот“, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, „Чикашки перверзии“, како и претстави за деца. Дополнително, ко-основачката Надица Петрова изведува и две свои стенд-ап точки.

    „Целта што ние ја замисливме уште на самиот старт, еве денес гледаме дека ни се остварува со тоа што направивме некои проекти, што од џеб, тргнавме со нула, на пример монодрамата ‘Дневникот на лудиот’ досега е изиграна 53 пати, вкупно трите дела, но ние немаме добиени средства од никого, сѐ што сме вложувале било тоа од мене и од режисерот Ризески конкретно за таа претстава“, посочува Алексовски.

    Македонска Кенди во локални услови

    Идејата за дуодрамата „Кенди“ е на режисерката Тамара Стојаноска, која вели дека претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.

    Фото: Стефан Самандов

    Стојаноска вели дека со авторот Дејвис се запознала преку неговата поезија и романот „Кенди“, а потоа и со истоимениот филм во кој глумат  Хит Леџер и Аби Корниш.

    „Многу емотивно се поврзав со авторот и решив да истражувам дали има нешто кај нас за темата зависност како болест и така наидов на ХОПС и некако сѐ ми се спои во главата, за да направам некоја претстава која ќе биде по скелет на романот на Дејвис, но ќе има многу документарни материјали коишто ќе прикажат  слика за тоа какво е здравството кај нас кога станува збор за корисниците на дроги“, истакнува Стојаноска.

    Таа вели дека резултатот на ова е една претстава која активистички зборува за тоа каде може да се најде помош за проблеми за кои не се зборува.

    „Ми беше страв од романтизирање на темата бидејќи најчесто се знае да се премине таа граница. Се надевам дека ќе има повеќе вакви претстави, па и филмови кои искрено ќе ја прикажуваат сликата во системот во којшто живееме. Освен тоа, барем да се учиме да ги прифаќаме овие теми кај нас многу полесно, да ја тргнеме таа дискриминација и некои застарени мислења коишто само им одмагаат на луѓето на коишто им треба помош“, истакнува Стојановска.

     

    Претставата е приказ на едно ‘современо’ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници“, велат од „Златен Елец“.

    Оттаму посочуваат дека македонската Кенди ја сместиле во локални услови, откако идејата на Тамара била реализирана со мала финансиска помош од Министерство за култура,

    „Дуодрамата ја имаше својата премиера  на 23 октомври во 2022 година. Освен во Скопје планираме да ги посетиме и другите градови од државава за да се претстави едукативната форма на претставата за зависностите. „Кенди“ испраќа една порака преку дрогата, па со тоа ја отсликува денешницата на младите кои не знаејќи можат да влезат во нешто што може многу да им напакости во нивните животи“, посочува Алексоски.

    Тој го игра ликот на Даниел, дечко кој страда, кој е болен од зависноста затоа што нема поддршка од ниту од семејството, ниту од општеството.

    „Наспроти Кенди, кај него недостасува сѐ до крајот на животот. Затоа и ние оваа претстава ја работевме заедно со ХОПС, коишто им помагаат на корисниците, како што и ние со нашава претстава сакаме да му помогнеме на оној што се срами да признае, што се срами да каже, што е исфрлен од општеството“, вели Алексоски.

    Актерот Лео Поповиќ во претставата го игра ликот на уметницата, сликарката Кенди, но во претставата свири на укулеле. Вели дека претставата дозволува актерите да бидат сирови, реални и блиски до тоа што се тие во реалноста, но ставени во тотално други околности.

    „Ликот на Кенди е Лео кога Лео би бил корисник на хероин. Барем јас така се доживувам себеси. Сметам дека тргаме од себеси. Јас освен што сум актер, театарџија, сум и музичар, компонирам и свирам укулеле и пеам. Најинтересно е што песната „Кенди“ ми е трејдмарк веќе една деценија и е првата песна што ја научив на укулеле“, открива Лео.

    Тој посочува дека дека веќе бил запознаен со приказната и прифатил да игра без воопшто да размислува.

    Фото: Стефан Самандов

    „Отсекогаш сум бил некој кој особено е ангажиран во театар кој не е капиталистички, кој не е тука за да насмее, кој не е тука за рајата, туку е театар што допира до луѓето и кој дава глас на оние што го немаат, театар којшто зборува за важни работи, да не речам театар којшто отвора теми кој за жал сѐ уште се табу кај нас“, вели Лео.

    „Едноставно кога се работи за проект којшто зборува за нешто важно, проект којшто зборува за работи за коишто никој не зборува, не ни размислувам, само викам ‘да’. Мислам дека сите треба да сме такви, не треба првото прашање да биде ‘колку пари имаме’, или ‘ќе има ли публика за оваа претстава?’ – нека има тројца. Нека има тројца на претставата и нека дојдат и ако имаме малку среќа ќе им се сменат животите макар вака за милиметар во некоја подобра насока“, продолжува актерот.

    Лука Тошев е авторот на драмската музика, која е поделена на два дела  – претходно приготвена музика и музика во живо, односно звуци, кои пренесуваат чувства“, вели тој.

    „Цело време сум на сцена, цело време сум во играта, цело време следам што се случува на сцената и така отприлика пробувам да го креирам тој звучен пејсаж. Решив да се вклучам зошто ме привлече нејзиниот начин и пристап на работење на претстави, ова е наша мислам трета претстава, па прифатив одма без да знам за што се работи и можам да кажам дека досега ми било најтешко на претстава на која сум работел баш поради комплексноста на темата и комплексноста во пристапот на самата претстава“, вели тој.

    Чехов – вечна инспирација

    Суштината на тоа да се биде „најдобра независна театарска продукција“, може најмногу да се сфати, ако се знае позадината зад името „Златен Елец“.

    Алексовски раскажува дека името на Здружението е инспирирано од драмата „Галеб“ на Чехов, каде се споменува градот и театарот Елец, каде работат актери од трета и четврта класа, а публиката е од подолните социјални слоеви. Таму ќе работи  и ликот на Нина, додека сонува за Москва.

    „Нашата интерна шега како студенти беше дека ако немаме каде да работиме ќе работиме во Елец, фактички си го имаш златен Елец, ќе си измислиш претстава и ќе си работиш. И буквално така го создадовме името Театар ‘Златен Елец’  и ден денес да ми текне истата идеја на мене и на екипата, мислам дека пак ќе го одбереме тоа име зашто има нешто многу театарско внатре и нешто што се вика борба“, поентира Алексоски.

    „Тука е убавото“

    Лео Поповиќ смета дека има лица во државните институции кои сакаат независната сцена да напредува, да се отвораат теми за кои не се зборува.

    „Не се премногу инволвирани, поголем дел од времето сме оставени сами на себе, ама пак е тука убавината. Многу е живо ова што го работиме ние сами, се снаоѓаме за реквизити, ама тука е духот на театарот. Тука е убавото.  Колку и да не е секогаш практично, колку и да не е секогаш лесно“, вели тој.

    Тошев се надоврзува и вели дека му е многу убаво и дека многу сака да работи во независен и алтернативен театар, а посочува дека луѓето често и не ги знаат позадинските работи кои не се видливи при изведбата.

    „Не го разбираат проблемот дека кога работиме на една претстава, прво одлучуваме кој е текстот, а потоа каде ќе се работи текстот  и најчесто е во некои алтернативни простори. МКЦ е супер простор, но сме работеле во железнички станици, во разни домови на култура, по станови“, посочува тој.

    „Многу е обесхрабрувачки кога едноставно се коцкаш и викаш јас сега ќе дадам година дена од животот, ќе се посветам емотивно, физички, за можеби ништо, за нула резултат, постојат претстави каде што лом се правите во процесот и не ни испаѓа претставата. Многу е убаво кога се коцкаш и кога се обидуваат да те обесхрабрат луѓе од страна, на крај е помината година и ти имаш играно на два фестивали и на двата фестивали двете награди ги имаш собрано“, нагласува Поповиќ.

    Фото: Стефан Самандов

    За Бобан пак, жално е што, како што вели, Македонија е последна во сѐ , со сите работи во светот, па и со независната (театарска) сцена која во регионот е на високо ниво.

    „Србија е пример за тоа, независни театри како станале големи театри, како Ателје 212 денес. Македонија касни, но навреме сме, а пандемијата направи многу млади да создадат независни групи, да остваруваат идеи“, вели тој.

    Како млад актер, Бобан посочува дека нивната борба е во постојан поден бидејќи имаат „еден куп идеи“, но дополнува дека пречка за нивно остварување се финансиите, иако неретко театарџиите вложуваат во претстави од сопствен џеб.

    „Нешто што нѐ води е пасијата која ја имаме, не е само револтот дека не сме вработени. Јас сум многу благодарен што досега не сум бил вработен во театар зашто сево ова немало да ми се случи, немало да знам како е да се бориш независно, немало да знам можеби што е независна сцена, колку храбар чекор е да влезеш во независната сцена“, вели тој.

    Супер е што МОТ има меѓународно жири и никој не нѐ познава

    Јованоска истакнува дека по добивањето на Наградата „БИШ“, добила бројни коментари од потенцијална публика дека дури сега ќе ја гледаат претставата, па вели дека тоа е супер, бидејќи има заинтересирана публика за наредните изведби.

    „Иако не се најбитни наградите, мене особено ми значи оваа награда поготово дека е од МОТ, омилените режисери ги имам гледано овде. Кога ја добивме оваа награда, за мене беше голем шок и многу ми значи и како млад режисер и како дел од независната сцена и се надевам дека ќе си остане и како традиција и понатаму“, вели режисерката.

    Бобан вели дека „Златен Елец“ во февруари ќе слави четири години како независен театар, па дополнува дека досега се труделе да стигнат до театар кој ќе го прикаже развојот што се случува сега, преку сработените претстави.

    Фото: Стефан Самандов

    „’Кенди’ е признаена од меѓународно жири, победи на фестивалот МОТ и уште повеќе ни значи „БИШ“ наградата бидејќи Биш  пред десет години ми беше професор на факултет, ми предаваше македонска драма и светска драма, па горд сум и на наградата и на цела екипа на Театар ‘Златен Елец’ кој работи со полна пареа со цел да го движи театарот напред, а публиката да ја навикнува на нови работи“, вели актерот.

    Лука се надоврзува дека многу му е драго што постои награда за независен и алтернативен театар, бидејќи, посочува тој, поголемиот дел од фестивалите не ги земаат предвид претставите на независните продукции, не ни може да се аплицира освен ако не си во некоја off програма.

    „Ова е единствена прилика да аплицираш, да се претставиш и еве како нас, да ја освоиш наградата што носи многу повеќе публика. Тоа е добро, театарот да биде млад и отворен. Мислам дека е супер што на МОТ има меѓународно жири и никој не нѐ познава и мислам дека повеќе значи наградата кога е искрено дадена“, вели тој.

    Наредната изведба на дуодрамата „Кенди“ е најавена за првата половина на февруари.

    Ивана Смилевска
    Ангела Бошкоска

  • [Video] Teatri “Zllaten Elec”: Diçka që na shtyn është pasioni të cilin e kemi, nuk është vetëm revolti

    Duodrama “Kendi” në produksion të “Zllaten Elec” – një ekip i pavarur dhe i ri teatror deri tani është vënë në skenë shtatë herë. Dy herë është interpretuar në kuadër të festivaleve teatrore, nga të cilat edhe në Festivalin për Teatër të ri të hapur (TRH).

    Ideja për “Kendi” e regjisores Tamara Stojanoska është frymëzuar nga romani i Lluk Dejvis – “Candy: A Novel of Love and Addiction“ dhe nga materialet dokumentare dhe tekstet autoriale nga HOPS – Opsione për jetë të shëndoshë Shkup. Në “Kendi” interpretojnë aktorët Boban Aleksoski dhe Leo Popoviq, ndërsa pas peizazhit muzikor qëndron Lluka Toshev.

    Në edicionin e sivjetshëm të 48-të të TRH-së e fitojnë çmimin teatror “BISH” si produksion më i mirë teatror, i cili ndahet sivjet për së dyti herë.

    Me to bisedojmë për teatrin e ri, gjeneratën e re të interpretuesve të teatrit “BISH” si produksion i pavarur i teatrit, i cili sivjet ndahet për së dyti herë.

    Aleksovski, i cili është një prej bashkëthemeluesve të “Zllaten Elec” por edhe aktor dhe producent rrëfen se Shoqata “Zllaten Elec”, si ide ka filluar para se të shfaqet pandemia e Kovid-19, në periudhën dyvjeçare kur “ka pasur punësim në teatrot shtetërore, dhe shumica e tyre kanë qëlluar të mos jenë të besueshme”.

    “Ndodhi një revolt tek unë dhe bashkëthemeluesja e teatrit “Zllaten Elec” – aktorja Nadica Petrova. Ai revolt na detyroi ta hapim këtë shoqatë dhe filluam me një shfaqje që quhej “Mos ma prek birrën” nën regjinë e Gjorgji Rizeski, thotë Aleksoski.

    Rikujton se në periudhën e pandemisë, premiera e shfaqjes është mbajtur në kuadër të Verës së Shkupit, në fillim të “Zllaten Elec”, ishte në një mbrëmje kur në Ballkan nuk është mbajtur asnjë shfaqje.

    “Ideja që nga fillimi ishte pikërisht ai revolt te ne i cili na detyroi ta hapim “Zllaten Elec” dhe të jetë si ndihmë edhe për interpretuesit dhe artistët tjerë të cilët nuk kanë mundësi të punojnë dhe të punësohen menjëherë në institucionin shtetëror të kulturës. Ne donim që, kur ato kanë një ide të cilën duan ta realizojnë, ne si “Zllaten Elec” me gjithë logjistikën tonë t’ua mundësojmë atë”, potencon aktori.

    Pas “Zllaten Elec”, theksoi Aleksovski, tani për tani janë shfaqjet – “Mos ma prek birrën”, monodrama në tri pjesë “Ditari i të çmendurit”, “Kasketa, çokollata, anusi edhe diçka tjetër”, “Perversionet e Çikagos”, si dhe shfaqjet për fëmijë. Gjithashtu, bashkëthemeluesja Nadica Petrova interpreton edhe dy pika të saj stend-ap.

    “Qëllimin që e paramenduam që në fillim, ja sot shohim se është duke u realizuar me atë që bëmë disa projekte, filluam nga zero, për shembull monodrama “Ditari i të çmendurit” deri tani është interpretuar 53 herë, gjithsej të tre aktet, por ne nuk kemi marrë mjete nga askush, gjithçka që kemi investuar ka qenë nga unë dhe nga regjisori Rizeski konkretisht për atë shfaqje”, thekson Aleksovski.

    Kendi maqedonase në kushte lokale

    Ideja për duodramën “kendi” është e regjisores Tamara Stojanoska, e cila thotë se shfaqja është anatomia e një dashurie, shëtitje nëpër kujtimet e një çifti lidhja e dashurisë e të cilëve është duke u shformuar gradualisht, bëhet një kërkim mekanik për euforinë, ikje nga presioni i jetës së përditshme dhe traumat.

    Foto: Stefan Samandov

    Stojanoska thotë se me autorin Dejvis është njoftuar përmes poezisë së tij dhe romanit “Kendi”, e pastaj edhe me filmin me emrin e njëjtë në të cilin aktrojnë Hit Lexher dhe Abi Kornish.

    “U lidha në mënyrë shumë emocionale me autorin dhe vendosa të hulumtoj a ka diçka te ne për temën “varësia” si sëmundje dhe kështu hasa në HOPS dhe disi gjithçka më erdh në mendje që të bëj ndonjë shfaqje e cila do të jetë sipas skeletit të romanit të Dejvisit, por do të ketë shumë materiale dokumentare të cilat do të shfaqin pamje për atë se si është shëndetësia te ne kur bëhet fjalë për përdoruesit e drogave”, thekson Stojanoska.

    Ajo thotë se rezultati i kësaj shfaqjeje e cila flet në mënyrë aktiviste për atë se ku mund të gjendet ndihmë për problemet për të cilat nuk flitet.

    Kisha frikë nga romantizimi i temës sepse shpesh dihet të kalohet ai kufi. Shpresoj se do të ketë shfaqje të tilla, bile edhe filma të cilat sinqerisht do ta shfaqin pamjen në sistemin në të cilin jetojmë. Përveç kësaj, së paku të mësohemi t’i pranojmë këto tema te ne shumë më lehtë, ta heqim atë diskriminim dhe disa mendime të vjetruara të cilat më shumë ua vështirësojnë gjendjen njerëzve që u nevojitet ndihmë”, thekson Stojanovska.

    Shfaqja është një përshkrim i një shoqërie “bashkëkohore” e cila lejon stigmë dhe diskriminim shumë të madh ndaj përdoruesve të drogave dhe komuniteteve tjera të margjinalizuara”, thonë nga “Zllaten Elec”.

    Së këndejmi, theksojnë se Kendin maqedonase e kanë vendosur në kushte lokale, pasi ideja e Tamarës është realizuar me ndihmë financiare nga Ministria e Kulturës.

    “Duodrama e kishte premierën e saj më 23 tetor 2022. Përveç Shkupit, në plan e kemi t’i vizojmë edhe qytetet tjera të shtetit që të prezantohet forma edukative e shfaqjes për varësitë. “Kendi” dërgon një mesazh përmes drogës, e me këtë e pasqyron gjendjen e sotme të të rinjve të cilët duke mos qenë në dijeni mund të hyjnë në diçka e cila mund t’u shkaktojë dëm të madh në jetët e tyre”, thekson Aleksoski.

    Ai e interpreton rolin e Daniellit, djaloshi i cili vuan, i cili është i sëmurë nga varësia sepse nuk ka përkrahje as nga familja, as nga shoqëria.

    “Përkundër Kendit, tek ai mundon gjithçka deri në fund të jetës. Prandaj edhe ne, këtë shfaqje e punuam së bashku me HOPS, që u ndihmojnë shfrytëzuesve, ashtu si dëshirojmë ne me shfaqjen tonë t’i ndihmojmë atij që turpërohet të pranojë, që turpërohet të tregojë, që është i flakur nga shoqëria”, thotë Aleksoski.

    Aktori Leo Popoviq në shfaqjen e luan rolin e artistes, piktores Kendi, por në shfaqjen i bie instrumentit ukulele. Thotë se shfaqja lejon që aktorët të jenë të vrazhdë, realë dhe të afërt ashtu siç janë në realitet, por që gjenden në rrethana plotësisht tjera.

    “Figura e Kendit është Leo kur Leo do të ishte përdorues i heroinës. Së paku unë e përjetoj ashtu vetveten. Konsideroj se nisemi nga vetvetja. Unë, përveç që jam aktor, interpretues i teatrit dhe muzikant, kompozoj dhe i bie instrumentit ukulele dhe këndoj. Më interesante është që këngën “Kendi” e kam trejdmark tashmë një dekadë dhe është kënga e parë që e kam mësuar me ukulele”, zbulon Leo.

    Ai thekson se tashmë ka qenë i njoftuar me tregimin dhe ka pranuar të interpretojë pa menduar fare.

    “Gjithmonë kam qenë dikush i cili është angazhuar veçanërisht në teatër i cili nuk është kapitalist, i cili nuk është këtu për të qeshur, i cili nuk është këtu për rajën, por është teatër që prek te njerëzit dhe që u jep zë atyre që nuk e kanë, teatër i cili flet për punë të rëndësishme, të mos them teatër i cili hap tema të cilat fatkeqësisht ende janë tabu te ne”, thotë Leo.

    “Thjeshtë kur bëhet fjalë për projekt i cili flet për diçka të rëndësishme, projekt i cili flet për punë për të cilat askush nuk flet, as që mendoj, vetëm them “po”. Mendoj se të gjithë duhet të jemi të tillë, nuk duhet që pyetja e parë të jetë “sa para kemi”, ose “a do të ketë publik për këtë shfaqje?” – le të ketë tre persona. Le të ketë tre persona në shfaqjen dhe le të vijnë dhe nëse kemi pak fat do t’u ndryshohen jetët qoftë edhe për një milimetër në ndonjë drejtim më të mirë”, vazhdon aktori.

    Lluka Toshev është autori i muzikës dramatike e ndarë në dy pjesë – muzikë e parapërgatitur dhe muzikë drejtpërdrejt, përkatësisht zëra, të cilët përcjellin ndjenja”, thotë ai.

    “Gjithë kohën jam në skenë, gjithë kohën jam në lojën, gjithë kohën ndjek çfarë po ndodh në skenën dhe kështu përafërsisht provoj ta krijoj atë peizazh me zë. Vendosa të inkuadrohem sepse më tërhoqi mënyra dhe qasja e saj e punës në shfaqje, kjo është mendoj shfaqja e tretë, dhe pranova menjëherë pa qenë në dijeni se për çfarë bëhet fjalë dhe mund të them se deri tani e kam pasur më vështirë në shfaqje ku kam punuar pikërisht për shkak të ndërlikueshmërisë së temës dhe ndërlikueshmërisë në qasjen e vetë shfaqjes”, thotë ai.

    Çehiv – frymëzim i përjetshëm

    Thelbi i asaj të jesh “produksion më i mirë i pavarur teatror”, mund më së shumti të kuptohet, nëse dihet prapavija pas emrit “Zllaten Elec”.

    Aleksovski rrëfen se emri i Shoqatës është frymëzuar nga drama “Galeb” e Çehovit, ku përmendet qyteti dhe teatri Elec, ku punojnë aktorë të klasës së tretë dhe të katërt, ndërsa publiku është nga shtresat më të poshtme sociale. Atje do të punojë edhe figura e Ninës, gjatë ëndërrimit për Moskën.

    “Shakaja jonë e brendshme si studentë ishte se nëse nuk kemi ku të punojmë do të punojmë në Elec, në fakt e ke “Zllaten Elec” do të trillosh shfaqje dhe do të punosh. Dhe kështu e krijuam emrin Teatri “Zllaten Elec” edhe sot e sot po të më kujtohet ideja e njëjtë edhe unë edhe ekipi, mendoj se do ta zgjedhim atë emër sepse ka diçka shumë teatrore brenda dhe diçka që quhet luftë”, poenton Aleksoski.

    “Këtu është e bukura”

    Leo Popoviq konsideron se ka persona në institucionet shtetërore që dëshirojnë që skena e pavarur të përparojë, të hapen tema për të cilat nuk flitet.

    “Nuk janë shumë të involvuar, pjesën më të madhe të kohës jemi lënë vetëm, por sidoqoftë këtu është bukuria. Është shumë e gjallë kjo që e punojnë ne vetë, arrijmë të gjejmë rekuizita, por këtu është fryma e teatrit. Këtu është bukuria. Sado që të mos jetë gjithmonë praktike, sado që të mos jetë gjithmonë e lehtë”, thotë ai.

    Toshev ndërlidhet dhe thotë se ndihet shumë mirë dhe se dëshiron shumë të punojë në një teatër të pavarur dhe alternativ, si dhe thekson se njerëzit shpesh edhe nuk e dinë punën në prapaskenë, të cilët nuk janë të dukshme gjatë interpretimit.

    “Nuk e kuptojnë problemin se kur punojmë në një shfaqje, fillimisht vendosim se cili është teksti, e pastaj ku do të punohet teksti dhe shpesh është në disa ambiente alternative. QKM-ja është një ambient i mrekullueshëm, por kemi punuar në stacione hekurudhore, në shtëpi të ndryshme kulturore, nëpër banesa”, thekson ai.

    “Është shumë dekurajuese kur thjeshtë rrezikon dhe thua unë tani do të japë një vit nga jeta, do të përkushtohem emocionalisht, fizikisht, për ndoshta asgjë, për rezultat zero, ekzistojnë shfaqje ku bëni çmos në procesin, por shfaqja nuk ka sukses. Është shumë bukur kur rrezikon dhe kur përpiqen të të dekurajojnë njerëzit nga anash, në fund viti ka kaluar dhe ti ke interpretuar në dy festivale dhe në të dyja festivalet i ke fituar të dy çmimet”, Thekson Popiviq.

    Foto: Stefan Samandov

    Për Bobanin, është për keqardhje, siç thotë, Maqedonia është e fundit në gjithçka, me të gjitha punët në botë, edhe me skenën e pavarur (teatrore) e cila në rajonin është në nivel të lartë.

    “Serbia është shembull për atë, se si teatrot e pavarur janë bërë teatro të mëdha, si Atelie 212 sot. Maqedonia vonohet, por jemi në kohë, ndërsa pandemia bëri që shumë të rinj të krijojnë grupe të pavarura, të realizojnë ide”, thotë ai.

    Si aktor i ri, Bobani thekson se lufta e tyre është duke marr hov, sepse kanë “një grumbull idesh”, por plotëson se pengesë për realizimin e tyre janë financat, megjithëse shpesh interpretuesit e teatrit investojnë në shfaqje nga xhepi i tyre.

    “Diçka që na shtyn është pasioni të cilin e kemi, nuk është vetëm revolti se nuk jemi të punësuar. Unë jam shumë falënderues që deri tani nuk kam qenë i punësuar në teatër sepse nuk do të më kishte ndodhur e gjithë kjo, nuk do të kisha ditur si është ndjenja të luftosh në mënyrë të pavarur, nuk do të kisha ditur ndoshta çfarë është skenë e pavarur, sa është hap i guximshëm të hysh në skenën e pavarur”, thotë ai.

    Është e mrekullueshme që TRH ka juri ndërkombëtare dhe askush nuk na njeh.

    Jovanovska thekson se pas fitimit të çmimit “BISH”, ka marrë komente të shumta nga publiku potencial se tani do ta shikojnë shfaqjen, dhe thotë se kjo është një gjë e bukur, sepse ka publik të interesuar për shfaqjet e ardhshme.

    “Megjithëse nuk janë më të rëndësishme çmimet, për mua është veçanërisht i rëndësishëm ky çmim posaçërisht që është nga TRH, regjisorët e preferuar i kam parë këtu. Kur e fituam këtë çmim, për mua ishte një tronditje e madhe ka shumë rëndësi për mua edhe si regjisor i ri edhe si pjesë e skenës së pavarur dhe shpresoj se do të mbetet si traditë edhe më tej”, thotë regjisorja.

    Bobani thotë se “Zllaten Elec” në shkurt do të festojë katër vjetorin si teatër i pavarur, dhe shton se deri tani janë përpjekur të arrijnë deri te një teatër i cili do ta paraqesë zhvillimin që po ndodh tani, përmes shfaqjeve të realizuara.

    Foto: Stefan Samandov

    “Kendi” është njohur nga juria ndërkombëtare, fitoi në festivalin TRH dhe ende më shumë ka rëndësi çmimi “BISH” sepse Bish para dhjetë vitesh e kisha profesor në fakultet, më ligjëronte dramë maqedonase dhe dramë botërore, dhe jam krenar edhe për çmimin edhe për gjithë ekipin e Teatrit “Zllaten Elec” i cili punon me kapacitet të plotë me qëllim për ta çuar teatrin përpara, dhe publikun ta mësojë me gjëra të reja”, thotë aktori.

    Lluka ndërlidhet duke shtuar se i vjen shumë mirë që ekziston çmimi për teatër të pavarur dhe alternativ, sepse, thekson ai, pjesa më e madhe e festivalit nuk i marrin parasysh shfaqjet e produksioneve të pavarur, as që mund të aplikohet përveç që nëse nuk je në ndonjë program off.

    “Kjo është mundësia e vetme për të aplikuar, të prezantohesh dhe ja sikur ne, ta fitosh çmimin që sjell shumë më shumë publik. Kjo është mirë, teatri të jetë i ri dhe i hapur. Mendoj se është e mrekullueshme që në TRH ka juri ndërkombëtare dhe askush nuk na njeh dhe mendoj se çmimi ka rëndësi më të madhe kur jepet me sinqeritet”, thotë ai.

    Interpretimi i ardhshëm në duodramën “Kendi” është paralajmëruar për gjysmën e parë të muajit shkurt.

    Ivana Smilevska
    Angella Boshkoska