Македонија е една од водечките држави на луѓе кои што употребуваат тутун. Секој втор Македонец користи цигари додека пак според европскиот просек, 25% од популацијата се пушачи.
Овие податоци биле главна мотивација Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) да отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето.
Линијата е отворена во понеделник и среда од 11 до 13 часот и на неа работат двајца доктори.
Од ИЈЗ велат дека во иднина планираат да ја прошират линијата со цел да има зголемен број на часови и луѓе кои ќе работат бидејќи досегашното искуство е позитивно.
„Веќе имаме два позитивни случаи односно личности кои што се откажале од користење на тутун двете се жени, едната целосно се откажала со помош на користење таблети, таблетарна терапија која што ги намалува симптомите на криза но другата повозрасна жена која што целосно ги откажала цигарите без никаквта дополнителна терапија“, изјави Сања Прошева, доктор по јавно здравје во ИЈЗ.
Симона Паскоска и Мартин Колоски