Во четвртата епизода на Engage Kicks & Gigs го претставуваме музичкиот проект Телемамa на уметницата Драгана Заревска.
Таа својата музика ја опишува како облак од: минимал, инди, домашно направена, недефинирана, темна и светла.
Иницијалниот план на Телемама бил да свири интимни акустични концерти за своите пријатели во нивните дневни соби, но веќе можеме да ја видиме и на сцена. Нејзиниот деби албум „Мис Слобода“ беше објавен на 13 јуни, 2015 од „Ако никој не свири“.
Веб серијалот Engage Kicks & Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, ќе има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.
Аудио техничар на видеото е mixedsoundZ (Зоран Поповски).
Овде може да ги погледнете претходните веб-концерти на серијалот Engage Kicks & Gigs.