[Видео] The Chemical Brothers објавија спот за „C-H-E-M-I-C-A-L“

Англиското електронско дуо The Chemical Brothers објавија видеоспот за песната „C-H-E-M-I-C-A-L“, која претходно беше објавена на четврти ноември. Едноставното видео со анимација е во режија на Адам Смит, долгогодишен соработник на дуото, а во него се појавуваат слики од детска ТВ емисија.

Видеото доаѓа неколку недели откако дуото соопшти дека ќе издадат винилска плоча со поголемиот дел од нивната дискографија.

До крајот на годината, тие соопштија дека ќе имаат серија концерти во Велика Британија, со музиката од нивниот албум од 2015 година – „Born In The Echoes“.