Фондацијата Psyclean и Manon Maakt презентираат епска авантура низ псајтранс фестивалите низ Европа. По летната сезоната на „The Psyclean Crew“ од 2022 година, ова е првиот документарен филм кој го третира управувањето отпад на фестивали, со цел да дадат допринос за одржливи евенти и еко-навики на посетителите.
Исто така, да поттикнат волонтери и ентузијасти кои ќе се приклучат на екипата и истовремено ќе чистат, ќе се дружат и потоа журкаат заедно.
„The Psyclean Crew“ е формиран во 2010-та, годината кога велат дека псајтранс фестивалџиите како да заборавија зошто сите се среќаваат во шума, а не во индустриски компекси.
„Веруваме во исцелителната моќ на чистата средина, во нашата должност да го зачуваме сето она што е добро на овој свет и во работата што сите ние треба да ја вложиме во него. За нас, мислата и делувањето не се одвоени, туку ги формираат темелите на животот вреден за живеење. Го избравме колоритното место на фестивалите за повторно да ја воведеме одговорноста кај луѓето“, велат од „The Psyclean Crew“.
Нивната цел е да достигнат критична маса луѓе за успешна борба против ѓубрето и неодговорното однесување.
„Тука во природата, опкружени со истомисленици, можеме да го дадеме нашиот најсилен аргумент: Сè е добро, те молам немој да зае*еш!“, потенцираат од „The Psyclean Crew“.
Екипата досега има направено 57 успешни фестивалски мисии, соединето 941 волонтер и раздадено 196.500 џебни пепелници.