Со пораката „Ти имаш право на знаковен јазик“, Младинскиот образовен форум (МОФ) објави видео на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, во кое различни луѓе го кажуваат своето име на знаковен јазик.
Видеото, како што посочија тие е дел од нивната кампања за промоција на знаковниот јазик и културата на глувите и наглувите лица во земјава.
„Најголем дел од луѓето на видеото не се глуви и се среќаваат прв пат со знаковната азбука, непосредно пред снимањето на кадрите“, посочуваат од МОФ.