Прекрасна фотографија и монтажа со музика, бои и жив свет во краткиот документарец на режисерот Франциско Маркез за Преспа, видео портрет за фасцинантното балканско тромеѓе.
„Преспа е мало скриено богатство на Балканот. Меѓуграничен национален парк меѓу Грција, Албанија и Македонија кој поседува невообичаен биодиверзитет и древни човечки населби, сето тоа опкружено со прекрасен пејсаж и планини“, вели Маркез.
Според режисерот, впечатокот што го чувствувате кога првпат ја посетувате Преспа е дека тоа е оддалечено место, осамено, изгубено место на крајот на светот.
PRESPA from Francisco Márquez on Vimeo.