[Видео] Уметник создава „слики“ пеглајќи платно

Бенџамин Шајн е британски уметник кој пеглајќи платно создава форми и нијанси, со што ткаенината личи на уметничка слика.

Шајн го скултурира, пегла и преплетува големото парче тул, чија провидност му дава на портретот повеќе текстура и длабочина. Преку ставање на повеќе слоеви платно на тој начин, уметникот успева да создаде различни тонови и сенки, преку кои реалистично доловува различни слики, од предмети до портрети.

Извор: Bored Panda