OK GO, бендот кој прави најинтересни видеоспотови за своите песни – а за кои веќе пишувавме, повторно изненадува со креативноста. Со помош на јапонскиот производител на возила Хонда, групата во Јапонија го сними новиот спот, за песната „I won’t let you down“, во кој четворицата членови го возат моделот UNI-CUB, возило кое претставува мини-скутер на едно тркало. И овој спот е снимен во едно единствено движење на камерата, а во него се појавуваат стотици танчери со чадори. Останете со спотот до последниот кадар со луѓе во видеото (4.30), за кој е тешко да се поверува дека е вистински.