Возачите од српскиот град Ужице до сега не се сретнале со кружен тек на улиците на нивниот град, а тоа можеше сликовито да се види по пуштањето на првата раскрсница од таков вид во сообраќај.
На фејсбук профилот „Užice – oglasna tabla“, се појави видео снимка со наслов „Ужичани – среќно“ на која администраторите на профилот ги снимале првите 20-тина минути сообраќај по пуштањето во промет на првиот кружен тек во градот.
Видеото, кое брзо се прошири по социјалните мрежи, регистрира како еден возач и покрај патната сигнализација и сообраќајните знаци, влезе во сообраќајот во спротивна насока, по што дојде до проблем кога наиде на неколку возила кои се движеа во правилна насока.
Дополнително, камерата регистрирала и човек кој безгрижно си поминува во средината на кружниот тек влечејќи количка.
Целосното видео од пуштањето во промет на првиот кружен тек во Ужице може да го погледнете ТУКА.