Хорската атракција од Белград, „Вива вокс“ на фестивалската публика во Охрид и приреди незаборавна вечер во Античкиот театар. Уште од самиот почеток, хорот кој е познат по неверојатните гласови и експериментирањето со различни музички жанрови, воспостави одличен контакт со гледачите кои со овации ги проследија изведбите на „Вива вокс“.
Публиката синоќа можеше да чуе неверојатни преработки на безвременските хитови на „Квин“, „Ред хот чили пеперс“, “Продиџи“, „Нирвана“, и секако „Ду хаст“, на германскиот индустријал-метал бенд „Рамштајн“, која на „Вива Вокс“ и донесе светска слава. На долгите аплаузи од публиката во исполнетиот Антички театар, „Вива Вокс“ се заблагодари со изведба на старата македонска народна песна „ Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“.
Погледнете дел од настапот на српските хористи во Охрид:
Извор: Ohridnews.com