Новиот експеримент кој веќе е достапен на интернет, а креиран од тимот на Мозила (WebVR API) покажува како точно изгледа процесот на користење на виртуелните алатки во Firefox. Задачата на експериментот е лицата да создаваат музика додека формираат човечко лице со „Oculus Rift“ и „Leap Motion“, јавува Mashable.
Изработена од Исак Коен (Cabbibo),т.н. „Виножитo мембрана“ е искуство со виртуелната реалност, која овозможува да се произведува звук преку манипулирање на виртуелно лице. Динамичноста е овозможена од страна на соединувањето на Oculus Rift (за извонредна визуелизација) со Leap Motion (за откривање со рачна гестикулација).
Rainbow Membrane from Cabbibo on Vimeo.
Користењето на овие хардверски компоненти со софтверот, му дава можност на корисникот преку движењата на рацете во виртуелната средина да произведува музички тонови.