Од синоќа почна со работа новиот бар „Umbrella“ во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет.
Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето.
На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.
Емилија Петреска