Балканот нема репутација на мирољубиво и ненасилно место, но фотографиите и видеата кои доаѓаат од Србија сведочат за постоењето на нешто досега невидено на овие простори. Специјален верски и воен камп за деца и младинци, во кои тие имаат воена обука и учат боречки вештини – „Светолазарев Православен младински камп“ е отворен во близина на источносрпското место Бољевац, во близина на Зајечар.
Како што се наведува на каналот на манастирот Нови Стјеник на Youtube, кампот нема никаква врска со Српската православна црква (СПЦ), туку „делува под благословот на преосвештениот епископ Акакиј од малку познатата „Српска вистинска православна црква“ (СИПЦ). Ова е втора година како се организира овој собир, на кој на младите учесници „ии се засадува, негува и длабоко им се вкоренува заедништвото, пристојноста, пожртвуваноста, храброста, духовноста и непоколебливата верност спрема православието и татковината“.
Oрганизацијата Антифашистичка акцја Нови Сад(АФАНС) побара од надлежните да ја испитаат работата на кампот, во кој децата на возраст од 10 до 18 години, покрај тоа што слушаат верски проповеди, имаат и симулации на разни средновековни ритуали и војување со пушки, ножеви и секири. За секое дете-учесник во кампот се плаќа надомест од 30 до 50 евра.
„На младината и е потребна помош во отпорот против милитантниот секуларизам и либерализам –денационализацијата на свеста и дехристијанизацијата на душата. Обновата и опстанокот на српскиот народ зависи од работата со нашата младина“, велат организаторите на кампот во описот на ова видео: