Втор дел од емисијата направена од бугарска новинарска екипа која во 2002 година доаѓа во Скопје, за да направи репортажа за култниот клуб „Елемент“, како и електронската музичка сцена во главниот град.
Во првиот дел од емисијата авторот е воодушевен од тогашниот ноќен живот во Скопје и од клубот „Елемент“ и вели дека се работи за „техно клуб, каков што во Бугарија немаме“.