Вулканот Етна во јужна Италија, на островот Сицилија, повторно исфрла пепел и лава. Еден од најактивните европски вултани повторно еруптираше и исфрла лава, со што продолжува вулканската активност на Етна која е висока околу 3.300 метри, пренесува Данас.
Активниот југоисточен кратер на вулканот, кој првпат стана активен овој месец, минатиот викенд повторно исфрлаше пепел и лава. Текот на лава се спушти по снежните падини на Етна.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) изјави дека вулканската активност во Етна била ограничена на југоисточниот кратер.
ИНГВ издаде предупредување за авиони кои минуваат низ регионот и наведено е дека аеродромот Фонтанароса во Катанија не е погоден од најновата вулканска активност.
Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои датираат повеќе од 2.000 години.