Со блокирање на три раскрсници низ Скопје, кај Црвениот крст, Соборната црква и Судска палата, точно во 12 часот учесниците во Шарената револуција и движењето Протестирам побараа исполнување на нивните ултимативни барања.
Ова, за демонстрантите, е форма на притисок кон власта бидејќи сметаат дека вистинска реакција има само при силен граѓански притисок и гласни граѓани.
Како што изјави за Радио МОФ Александар Богоевски од Протестирам, блокадите се симболика на блокираниот систем во којшто Македонија живее цела деценија.
Блокадите денеска ќе траат еден час. Демонстрантите сепак додаваат дека не се откажуваат и од големите протестите, во 18 часот пред СЈО, туку во текот на неделата тие ќе бидат заменети со поинакви активности.