Триесет и деветгодишната Антонија Козакова од Словачка има најголема колекција на украсни салвети на светот.
Нејзината колекција брои точно 62.757 салвети вреди 472.000 евра. Салветите доаѓаат од разни земји, а најстарата датира од 1940 година.
„Мојата колекција е уникатна и немам дупликати“, рече Козакова, која ужива во своето хоби. Со оглед на тоа дека ширум светот се прослави по собирање салвети, многу фанови и испраќаат свои примероци за да ја збогати својата колекција.
Салветите ги чува во својата работна соба и иако нема место таа никогаш не планира да се откаже од своето хоби.
„Сакам да имам салвета со својот лик и име. И натаму трагам по салвета со потпис на мојот омилен актер Арнолд Шварценегер“, појаснува Козакова.
Козакова собори повеќе рекорди благодарение на своето хоби, а нејзиното име е впишано во Гинисовата книга на рекорди.
Извор: МИА