Филозофот Славој Жижек, поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис и основачот на Викиликс Џулијан Асанж зборуваат за повеќе аспекти на Европа како поим и како идеологија, во светло на грчката криза, напливот на бегалци и одлуките на европската бирократија. Тројцата „суперѕвезди“ на современиот свет, секој од свој аспект, нудат интересна дискусија. Модератор е хрватскиот филозоф Среќко Хорват.