Како ќе се решава проблемот со младинската невработеност? Што да се стори за подобар студентски стандард и квалитетот на образование? Дали Македонија е земја на можности или држава од која бегаат младите и образовани лица? На тема „Перспективите на младите во Македонија“ дебатираа Ивана Туфегџиќ, најмладата пратеничка во Собранието на Република Македонија, Дарко Каевски, новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Александра Филипова, активистка и член на Управен одбор на Националниот младински совет на Македонија и Горан Георгиев, од Сојуз на извидници на Македонија.
Според Ивана Туфегџиќ приоритет на Владата е да се создаде перспектива за младите. Потсетува дека е важно кога се прават проекти за младите да се погледнат истражувањата кои покажуваат дека младите немаат доверба во системот.
„Задолжителната пракса не функционира. Имаме податоци дека за Еразмус има многу мала заинтересираност. Никој не ја контролира Националната агенција за мобилност“, забележува Туфегџиќ.
За новиот закон за Високо образование вели дека во моментов го изготвуваат заедно институциите и граѓанскиот сектор.
Од друга страна Александра Филипова од НМСМ забележува дека младите не биле вклучени во изготвување на мерката младинска гаранција, која треба да го решава проблемот со младинската невработеност. Таа додава и дека младинската работа не е признаена, како и дека треба да се работи за на младите да им се даде вистинско значење.
„Средношколците мора да знаат како се креираат политики за да може да се борат за своите права. Досега младите беа учени да седат, да слушаат и да ќутат“, вели Филипова.
За Дарко Каевски важен чекор е воведувањето на Младинската гаранција.
„ќе помогне така што Владата со приватниот сектор ќе соработуваат за поголема конкурентност на пазарот
За Дарко Каевски добро е при донесувањето одлуки да се вклучи и невладиниот сектор кој директно ќе дава забелешки. До септември, вели, имаат намера да ги решат сите проблеми околу Регионалната канцеларија за млади РИКО, за да не ги пропуштат можностите што ги нуди оваа програма за младите.
„Приоритет треба да бидат низа мерки за да се намали заминувањето на младите“, смета Каевски.
Горан Георгиев пак бара да се направат напори за враќањето на довербата кај младите и да се инволвираат во сите просеци важни за нив. Смета дека младите во Македонија се квалитетен кадар и треба да се следат праксите од европските држави.
„Мене најмногу ми пречи исклучувањето на младите од образованието, од градењето на нивниот курикулум
Младите веќе не чекаат на 18 години да гледаат за иднината, туку уште од 15 години. Ако не видат перспектива, си заминуваат“, заклучува Георгиев.