На 20 јуни 2013 година во Градскиот парк во Скопје , Македонската филхармонија и Младинскиот Културен Центар, по шести пат ја организираaт манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“.
Оваа година Македонската филхармонија, под водство на дидигентот Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе се претстави со концертот насловен „DISCO FEVER“, на кој ќе бидат исполнети безвременските хитови од „ABBA“, „Gloria Gaynor“, „Michael Jackson“, „Bee Gees“ и многу други, кои моќно ќе прозвучат во нивните симфониски аранжмани.
Манифестација ќе ја надополнат ликовните перформанси на уметниците Тони и Емил Шулајковски кои за време на настанот ќе го сликаат своето ново дело на големо платно сместено до сцената.
За присутните пак ќе бидат обезбедени 20 илјади бесплатни примероци од книгата „Еден ден ќе се сретнеме“ на реномираниот македонски поет Никола Маџиров, кои ќе може да подигнат на обележаните штандови во Градскиот парк.
Настанот кој прерасна во традиција, изминатите пет години привлече над 50 илјади посетители.