Наидовме на овој пост на профилот на студентскиот правобранител на УКИМ.
Иако без коментар, објавата на студентскиот правобранител повлекува низа прашања:
Дали студентскиот правобранител и неговото промовирање партиски опции е право на личен избор или претставува судир на интереси?
Дали тоа ја става под знак прашалник независноста и непристрасноста на институцијата или студентските претставници се доволно моќни да одолеат на партиски влијанија?
Дали во практика студентскиот правобранител ќе може еднакво да ги брани правата и на оние кои не се членови на соодветната партија?
*сепак, после коментарот „ц ц ц ц“ на претседателот на СПУКМ постот беше отстранет.