Во петок и сабота на 27 и 28 септември на плоштадот Коцка и во домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе се одржи третиот по ред фестивал за урбана и алтернативна култура „Гази Баба Хип хоп фест“.
Како и во изминатите години, концептот на фестивалот е славење на сите форми на оваа култура, поради што освен рап концерт во
програмата се вклучени и две работилници со Кацар и Tonyo San, промоција на интернационалното академско списание Балкански хип хоп студии и Хип хоп поетри слем.
Организатор на фестивалот е општина Гази Баба, а програмата погледнете ја во продолжение.
Влезот за сите настани е слободен.