Викендов започнува летното сметање на времето. Летното сметање на времето започнува во последната недела во март, а стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот.
Преминот од зимско во летно време се спроведува секоја година, а со тоа денот ќе биде подолг, а ноќта пократка.
Околу 34% од светот го користат летното сметање на времето, според податоци од 2023 година.