Виктор Велевски ја презема функцијата директор на Државниот студентски дом „Скопје“, под чија капа спаѓаат сите државни студентски домови во главниот град.
Владата неодамна информираше за оставката на досегашниот директор Дарио Николовски кој раководеше со ДСД „Скопје“ од 2018 година, и му препорача на Управниот одбор на домот да го назначи Велевски за оваа должност.
Виктор Велевски по потекло е од Кавадарци, роден во 1991 година. Тој има завршено постдиппломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Пред да ја преземе функцијата директор на ДСД „Скопје“, тој бил вработен во Управата за јавни проходи, а од мај 2019 бил член на Советот на РСБСП.