Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина соопштија дека цистерната под притисок со винил хлорид мономер од ОХИС безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја.
Со ова, согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, целата постапката за отстранување на овој материјал од ОХИС е комплетно завршена.
„На ден 29.09.2020 година, согласно законските прописи за транспорт на ваков вид на опасен отпад, однапред беше испратена најава дека ќе се врши извозот и беа известени надлежните институции и гранични премини на Северна Македонија, транзитните држави (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија), како и земјата увозник – Германија.
На ден 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) на транспортно возило сопственост на транспортерот ДЕНИС Гал – Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17часот транспортното возило товарено со цистерната со Винил Хлорид Мономер ја напушти територијата на С. Македонија“, стои во соопштението.
Надлежните институции посочуваат дека транспортот се одвивал без никакви проблеми, а на 06.10.2020 година цистерната пристигнала на терминалот во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbh во Schkopau Germany.
Јавноста лани дозна за опасниот материјал во ОХИС, кој стоеше складиран во стара цистерна во дворот, кога се случи истекување на друг материјал, метил акрилат мономер во еко-инцидентот во „ОХИС“. Инцидентот се случи поради пукање на црево со отпадна вода од иењето на цистерна, каде порано бил складиран материјалот. Тогаш хаваријата ја забележаа жителите на овој реон, кои се жалеа на лош мирис, солзење на очите и печење на грлото.
Инспекција во кругот на ОХИС, се излеа вода во која имало хемикалија