Во среда (15 април) во 20 часот, преку Фејсбук и Јутјуб, виолинистката Пламенка Трајковска ќе одржи концерт со наслов ,,Виолина и филм”.
На концертот, Трајковска во свој стил ќе ги оживее музичките теми од познатите филмови ,,Кум”, ,,Џејмс Бонд”, ,,Титаник”, ,,Пиратите од карибите” и многу други теми.
,,Креативните мултимедијални музички програми и употребата на музичките технологии се одговор на Пламенка Трајковска во постојаната потрага по новото доживување на класичната музика. Ковид пандемијата дополнително ја инспирираше Пламенка брзо да најде начин на доближување на сопствените музички креации до најшироката публика во услови на социјална дистанца”, стои во најавата.
Пламенка Трајковска е автор на единствениот музички албум во кросовер музиката со наслов ,,Апасионато”, музичкиот албум за деца ,,Карневал на животните” и синглот ,,Светулки”. Како виолинист соло и заедно со своите мали камерни состави има настапувано на сите сцени во Македонија и има настапувано во Франција, Хрватска, Србија, Грција и Танзанија.