Во рамките на априлската филмска програма на Кинотеката, ќе се одржи циклус филмови „Вишеградска група В4 филмски вечери“, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија, кои се дел од вишеградската група.
Циклусот ќе почне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата „Празни шишиња“, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следува проекцијата на филмот „Студена војна“ на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и „Плоштад Москва“ на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април.
Сите проекции се бесплатни за сите посетители.