По 17-ти пат, во недела на 3 октомври ќе се одржи „Виз Ер Скопски маратон“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон е во 8 часот, додека трката на 5 километри во 8 часот и 10 минути од платото пред спортскиот центар Борис Трајковски, каде ќе биде и целта на овогодишниот маратон.
Организаторите посочуваат дека патеката по која ќе трчаат учесници ќе биде иста како претходната година и додаваат дека дел од скопските улици во периодот од 7 часот и 30 минути до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај, како и промена на режимот на работа на линиите на јавниот градски превоз.
„Целосно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици, ул. Димитрије Чуповски, булевар Илинденска од Влада на РМ до Зоолошка градина, ул.Војвода Васил Чакаларов, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. 11 Октомври, делот на бул. Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. 3 Македонска Бригада од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. Фрањо Клуз, десната коловозна лента од бул. Јане Сандански од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. Србија“, се додава во соопштението на организаторите.
Делумно затворени за сообраќај пак, ќе бидат десната коловозна лента од бул. Климент Охридски до семафорите кај Влада, бул. Илинденска, од Зоолошка градина до Љубљанска, спротивната страна ќе биде слободна за движење, ул. Љубљанска во правец од бул. Илинденска до семафорите кај бул. Партизански одреди, ул. Московска во правец од бул. Партизански Одреди до Студентскиот дом Гоце Делчев, додаваат организаторите.
„Натпреварувачите ќе трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до ул. Илинденска, па лево на ул. Љубљанска, потоа право на Московска, па десно по ул. Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај студентскиот дом ‘Гоце Делчев’ се продолжува право по М. Теодосиј Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска Република, 3 Македонска Бригада, Фрањо Клуз, бул. Јане Сандански до крајот (раскрсница со бул Србија), пред семафорот со бул. Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул. Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета Македонска бригада, Крушевска Република, 11 Октомври по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на Бул. Климент Охридски до Бул. Илинденска, лево кај Влада на Р. Македонија до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски“, објаснуваат организаторите.
Тие додаваат дека истата патека се трча два круга за маратонците.
„Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство“, посочуваат тие.
Инаку, маратонот е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
Во меѓувреме, ЈСП Скопје објави дека дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, во периодот од 7 до 14 часот.
Линија 3
Од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво ќе вози по редовната траса, од Југодрво ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), Kлинички центар до Панорама.
Во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“.
Линија 3Б
Од Кванташки пазар до Jугодрво ќе вози по редовната траса, потоа, ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), Kлинички центар, Панорама.
Вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), ул. „Васко Карангелески“, бул. „АСНОМ“, Кванташки пазар.
Линија 4
Од Хрoм дo Соборен храм по бул. „Партизански одреди“, мост „Гоце Делчев“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“, подвозник, ул. „Aнтон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ до населба 11 Октомври.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 4A
Од Карпош 3 по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“, подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Народни Херои“, ул. „Борис Трајковски“, па продолжува по редовната траса до с. Усје.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 5
Од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал).
Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплекс банки по редовната траса, па по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Ѓорче Петров“ до Дексион.
Линија 7
Од Карпош 3 по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), ул. „Коста Новаковиќ“, бул. „Трета македонска бригада“, па прододолжува по редовната траса.
Вo oбратна нaсока, по бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Коста Новаковиќ“, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), бул. „Jaнe Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3.
Линија 8
Од Влае по бул. „Партизански одреди“, мост Гоце Делчев“, бул. „Гоце Делчев“, до Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 9
Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока ќе сообраќа по редовната траса.
Линии 15 и 15А
Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59) по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), ул. „Васко Карангелевски“, бул. „АСНОМ“ до терминал во Ново Лисиче.
Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплекс банки по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3.
Линија 16
Од Железара, преку Бит пазар до Југодрво и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 19
Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59), по ул. „Карпошово востание), ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, Бит пазар, па продолжува по редовната траса до Шуто Оризари.
Во обратна насока, по редовната траса до Карпош 3 (терминал на 7 и 59).
Линии 21 и 21А
Од Транспортен центар, по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по своја редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линии 22 и 22А
Од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 23
Од Дoм нa пeчaт, по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“ и ќе продолжи по својата редовна траса.
Во oбратна нaсока, до Југодрво ќе оди по својата редовна траса, па по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.
Линија 24
Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59), ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“ и ќе продолжи по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 27
Од Дoм нa пeчaт, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „К.Ј.Питу“, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), бул. „АСНОМ“, бул. „Србија“ и продолжува по редовната траса до нас. Вардарска.
Во oбратна нaсока, до Југодрво по својата редовна траса, потоа по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.
Линија 28
Од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 50
Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Клинички центар.
Линија 57
Од Козле, по ул. „Васил Ѓоргов“, потоа по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), ул. „Васил Ѓоргов“ и до Козле.
Линија 59
Од Карпош 3 ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, Бит пазар, па продолжува по својата редовна траса до Кучевишка бара.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 59А
Од Кисела Вода до Олимписки базен по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков“, Бит пазар и продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 59Б
Од Ново Лисиче, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), па ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар, Судска палата, Комплекс банки до Транспортен центар, ул. „23 Октомври“ („Владимир Комаров“), ул. „Васко Карангелески“, бул. „АСНОМ“ и до Ново Лисиче (терминал).
Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74
Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Народни херои“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 58
Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 73
Од Саем до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим, од ЈСП велат дека ќе важи во двете насоки на сообраќање.
Оттаму и додаваат дека градските линии 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В како и приградските линии 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81 и 118 се со непроменета траса.