Амбасадата на Франција и Францускиот Институт во Скопје, во соработка со Јавна соба, го организираат по втор пат настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France. Настанот е закажан за во понеделник, на 21.март во 18:30 часот во Јавна соба.
Француската амбасада сака овој настан традиционално да го одржува секоја пролет. Готвачот Марк де Јонг ќе подготви вечера за 200 гости.
Вкусот на Франција – Goût de/ Good France е организиран по иницијатива на реномираниот готвач Aлен Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој а ја истакнува уметноста на живеењето на француски начин, француските производи и ја валоризира Франција како дестинација.
Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер во своето обраќање ќе зборува за содржината и значењето на светската гастрономска манифестација и ќе го означи почетокот на овој настан што ги истакнува богатството и убавината на француските региони.