Владата догодина ќе се бори против аерозагадувањето со првични 98 милиони денари

Владата на Република Македонија соопшти дека на денешната седница усвоиле предлог за план и мерки за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во Република Македонија за која првично се предвидени 98 милиони денари.

Од Владата додаваат и дека намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за следната година.

„Како една од одлуките на денешната седница, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница“, соопштија од Владата.