На шестата седница, Владата донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, односно нови в.д. директори на повеќе институции.
Па така, Фејсаљ Беадини е именуван за в.д. директор на Бирото за процена, Седад Рушани за в.д. директор на Бирото за метрологија, додека за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат е именуван Шабан Алајбегу.
На чело на Државниот инспекторат за локална самоуправа ќе биде Хаќим Рамадани, додека со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе раководи Зухејр Реџепи. Месуд Јакупи е именуван за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви, а Џеладин Џеладини за в.д. директор на Казнено поправната установа Затвор Тетово.
Потоа, Сељатин Бељули е именуван за в.д. директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, а Весна Пешова за в.д. заменик директор. Со Државниот завод за индустриска сопственост ќе раководи Ељјеса Незир, а за в.д. директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија е назначен Гранит Османи.