На вчерашната трета седница, Владата донесе одлука за нови именувања во државните институции. Дополнително, Владата ги разреши досегашните национални координатори.
Во делот на државните институции, Владата го именуваше Васе Анакиев за в.д. директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство, а бил претседател и на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.
Весела Честоева е имиенувана за в.д. директорка на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при филозофскиот факултет во Скопје и магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година била директорка на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеничка во Собранието.
Владата го именуваше Иван Живковски за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување.
Со Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје ќе управува Данијел Апостолоски, кој е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Тој имал и работно искуство во ДСУ „Спортска академија“ Скопје.
Амет Зибери стапува на функцијата в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. Владата го именуваше Даут Мемеши за в.д. директор на Бирото за регионален развој, а Рефик Џемаили за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.
Во меѓувреме, Александар Донев е именуван за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.
Диме Ратајкоски пак, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.
На предлог на министерот за култура Мими Ѓоргоска Илиевска се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека.
Истовремено, назначен е и директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград. Со него ќе раководи Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.
Дополнително, Владата ги разреши националните координатори, односно:
- Владимир Пивоваров се разрешува од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
- Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
- Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.
- Фатмир Ејупи се разрешува од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација.
- Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика.
- Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора.
- Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.
- Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.
- Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
- Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.
- Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.
- Роберт Алаѓозовски се разрешува од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.
- Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство.
- Д-р Маја Мојсова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација.
- Д-р Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.