На предлог на Министерството за култура, Владата ја разгледа и усвои информацијата за преземање итни мерки за обезбедување и заштита на споменикот на културата Аквадуктот во Скопје.
Владата ја задолжи Управата за заштита на културното наследство како надлежна да организира соодветно обезбедување на оваа културно-историска знаменитост, како и да иницира процес за експропријација на имотите во должина Аквадуктот заради кои е попречена целосната заштита и конзерваторско-реставраторските работи на објектот.
По настанот, Министерството за култура заедно со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје и Општина Карпош воведоа засилени патроли за безбедност на објектот.
Лани министерството и Град Скопје најавија проект за конзервација и реставрација на Аквадуктот за што се обезбедени и финансии.