Од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ информираа дека денес научно-наставниот совет, преку гласање, го одбра новиот декан на факултетот, Владимир Мартиновски.
Мартиновски е избран за декан за мандатниот период од 15 септември 2023 година до 14 септември 2026 година.
Мартиновски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“.
Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Шарл Бодлер, В.К. Вилијамс, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“.
Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Тој е член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања, на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.
Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.