Власта го ограничува пристапот до информации за јавноста

Сомнителниот увоз на јаглен за РЕК Битола, интересите зад проектот за катна гаража до парламентот, купувачот на запленетите станови на Сашо Мијалков, фирмите за надзорот на Бехтел и Енка, набавките на софтвер поврзани со Драги Рашковски– сите овие приказни кои предизвикаа внимание и имаа влијание во јавноста беа сработени со употреба на податоците од Централен регистар и користењето на правото за пристап до информации од јавен карактер, пишува Призма.

Но, актуелната власт, се чини, затвора канали преку кои досега можеше да се стигне до информации. Деновиве Централниот регистар времено го стопираше бесплатниот пристап на новинарите до информации за фирмите што ги истражуваат. Истовремено, правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во последниве месеци сè почесто се изигрува, па обидот да се добие одговор на некое прашање може да трае со месеци. И да заврши неуспешно.

БИРН имале токму такво искуство. Од 29 јули се обидувале да добијат информација кој сè го советува премиерот Христијан Мицкоски и за колкав надоместок. Ваквите информации досега беа јавни, објавени на интернет страницата на владата, но сега не само што таму сè уште стојат имињата на советниците на претходниот премиер Димитар Ковачевски, туку не може да се добијат ниту со пристап до информации од јавен карактер.

Целиот текст на Призма.мк.