Властите во Загреб им објавија војна на графитите

Градските власти во Загреб подготвуваат специјален интервентен тим кој треба да го спречи пишувањето и цртањето графити на ѕидовите во центарот на градот. Според градските татковци, голем број загрепчани, но и посетители и туристи го сметаат ова за еден од најголемите проблеми на градот, затоа што ја намалува вредноста на недвижностите и остава впечаток на неуредност и запуштеност на градот.

Властите во Загреб им објавија војна на графитите

Акцискиот план предвидува низа мерки од кои дел ќе почнат да се применуваат веднаш штом завршат консултациите и анализите со повеќе институции и невладини организации.

Властите во Загреб им објавија војна на графитите

Според Сандра Шваљек, заменичката на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, Градот ќе дејствува со информативна кампања, но и со спроведување конкретни казнени мерки за цртачите на графити. Ќе бидат ангажирани поголем број комунални редари, но и екипа која ќе ги отстранува графитите. Властите ќе изработат специјална мапа на локациите на кои има најмногу графити, а на „проблематичните“ локации ќе бидат поставени надзорни камери.

Властите во Загреб им објавија војна на графитите

Шваљек вели дека останува нерешено прашањето на „уметничките“ графити:

„Многубројните примери и искуства од градовите кои низа години се борат со графитирањето покажуваат дека е тешко, ако не и невозможно, да се повлече граница меѓу „добрите“ и „лошите“ графити, како и дека проблемот на графитирањето може да се ублажи само ако на сите графити им се приоѓа на ист начин“, вели Шваљек.

Властите во Загреб им објавија војна на графитите

Графит во Загреб, чиј автор е Марко Прпиќ Зетс

Од друга страна, претставниците на графити-сцената во Загреб засега се резервирани за ова прашање. Уличниот уметник Марко Прпиќ Зетс вели дека и порано имало вакви обиди, но тие биле неуспешни.

„За вакво нешто нема ниту услови ниту средства. Проблемот е во тоа што јавноста, а пред се полицијата, градските и државните службеници и институции не се информирани за тоа што се навистина графитите, муралите и другите уметнички и помалку уметнички интервенции на улиците. Наместо да собираат политички поени пред изборите со непромислени изјави, политичарите би требало да изработат еден документ или брошура, со чија помош и лаик би можел да разграничи што е уметност, а што вандализам, т.е. што е добро, а што лошо за градот. Оваа брошура би требало да ја изработат не подобните чиновници, туку луѓе од стрит арт сцената, луше од културата, историчари на уметност и кустоси“, вели Прпиќ.

Извор