Во август 27 пријави за недолично однесување на контролорите во ЈСП

Во текот на изминатиот месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје.

Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите и против овие вработени ќе бидат преземени мерки според Законот за работни односи. Во останатите 22 случаи, пак, е утврдено неправилно однесување на граѓаните, информираше денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој нагласи дека е зголемена контролата во јавниот градски превоз со што се зголемила и продажбата на билетите во ЈСП.