Љубовта кон животните, особено кон мачките е видлива низ цела Турција. Мачките слободно шетаат по улиците, продавниците, кафулињата, постојат дури и хотели за нив, а често им е дозволено и да влегуваат во училиштата. Мачките дури се и маскота на некои институции од пониско ниво, пренесува „Н1“.
Бурса не е исклучок, каде има и библиотека каде што корисниците можат да ги читаат своите омилени книги во друштво на мачки. Зградата на библиотеката е направена во 16 век, а поради тоа што луѓето таму се грижеле и за мачките, објектот го добил името по нив.
Денес, луѓето таму може да читаат книги, а друшто ќе им прават мачките кои се движат слободно. За грижата на животните надлежен е Центарот за грижа на напуштени животни во општината Османгази.
Tarihi ve kültürel mirası ayağa kaldırmada öncü olan Osmangazi Belediyesi’nin hayata geçirdiği Kedili Tekke Millet…
Posted by Osmangazi Belediyesi on Tuesday, March 30, 2021